Доколку Аморим добие отказ, бивш тренер на Арсенал ќе го преземе Јунајтед!?

Рубен Аморим нема најдобри резултати во Манчестер јунајтед, иако управата на гигантот сè уште верува во неговите квалитети, меѓутоа размислува и за негова замена во случај да се разделат.

Англиските медиуми пишуваат дека на кормилото на „црвените ѓаволи“ би можел да пристигне поранешен тренер на Арсенал, а тоа е Унај Емери.

Емери има лоши резултати на стартот на новата сезона, меѓутоа не е заборавен неговиот успех и пласманите во Европа со тимот на Астон вила.

Фото: Facebook/Manchester United