
„Енфилд“ е подготвен: Слот го најави дебито на Исак во дресот на Ливерпул
Шведскиот напаѓач во рекорден трансфер пристигна во Ливерпул, откако претходно се скара со управата на Њукасл, а сега се очекува да го предводи нападот на „црвените“.
„Речиси сигурно нема да заигра од почетокот, но во исто време постои веројатност дека Исак ќе дебитира в среда“, кажа Слот.
Мечот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид се игра в среда од 21 часот.