Тешко е да се влезе во евро куповите два пати по ред - Шкендија меѓу дебитантите

Дури 36 екипи, сметајќи ги сите три натпреварувања на УЕФА, се сменети во однос на минатата сезона кога беше воведен нов систем во куповите.

Од вкупно 108 учесници во Лигата на шампионите, Лигата Европа и Конференциската лига, една третина од лани не успеале повторно да се пласираат во некој од куповите, а на нивно место ќе учествува тимови кои минатата сезона ги немаше. Меѓу нив е и Шкендија која ќе дебитира во лигашкиот дел од куповите и ќе стане првата македонска екипа во главната фаза од Конференциската лига.

Дека е тешко, не покажуваат само клубовите од „малите“ фудбалски земји, туку и некои гиганти. На пример, првпат во лигашкиот дел ќе учествуваат шампионот на Италија, Наполи, потоа поранешниот двократен европски првак Нотингем Форест, па Олимпик Марсеј, Њукасл, Виљареал итн.