Барселона и Арсенал влегоа во војна за бразилско „чудо од дете“!

Екипата на Барселона е во потрага по левоног стопер, а како главна цел се споменува 19-годишниот Бразилец Луиз Густаво Бенедети од Палмеирас, за кого Каталонците се подготвени да издвојат 12 милиони евра за неговиот трансфер.

Потребата за засилување на одбраната се јави откако искусниот Иниго Мартинез, кој летово остана без договор, се пресели во Ал Наср од Саудиска Арабија, клуб каде што настапуваат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ. Иако Бенедети досега има само девет настапи за првиот тим на Палмеирас, неговиот талент не остана незабележан од европските скаути. Тој има договор со бразилскиот клуб до 2029 година.

Барселона, сепак, нема да биде единствената во трката за младиот дефанзивец – сериозен интерес за него покажуваат и од Арсенал.