Француска рагбистка во стилот на Суарез брутално гризна противничка (ВИДЕО)

Француската репрезентативка во рагби, Аксел Бертомје (25), е суспендирана на 12 натпревари откако ја гризна противничката за време на четвртфиналниот дуел на Светското првенство против Ирска (18-13) во Ексетер.

Французинките обезбедија пласман во полуфиналето, но Бертомје ќе го пропушти престојниот натпревар со Англија поради дисциплинската казна. Комитетот за преглед на неспортско однесување првично изрече суспензија од 18 натпревари, но поради признавањето на вината и покајувањето на рагбистката, санкцијата беше намалена на 12 средби.

Инцидентот остана несанкциониран за време на самиот меч, бидејќи телевизискиот судија не реагираше, иако снимките јасно го прикажаа каснувањето, а ирската рагбистка Аофе Вајфер им го покажа белегот на судиите. Навивачите бурно реагираа на социјалните мрежи, оценувајќи го потегот како „луд“, со саркастични споредби со познатите укасувања на уругвајскиот фудбалер Луис Суарес.

Бертомје ќе мора да паузира до 1 март 2026 година, што значи дека ќе пропушти значаен дел од клупската и репрезентативната сезона.