
Аморим е најлош тренер на Манчестер Јунајтед по Втората светска војна
Рубен Аморим беше најавуван како спасител на клубот, ама не само што не успеа да му донесе трофеј, туку бележи очајни резултати. По четири кола од новата сезона, Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата со само четири освоени бода и гол разлика 4-7.
Заедно со резултатите од своето доаѓање, Рубен Амроим до моментов е менаџер со најлош ефект во Манчестер Јунајтед по Втората светска војна, односно во последните 80 години. Досега освоил само 36,17% од можните бодови со што го надмина и досегашен „рекордер“ Вилф Мекгинес кој една сезона го водел Јунајтед, одн1969 до 1970 година.
Покрај сето ова, Јунајтед под водство на Аморим е и најслаб тим во Премеир лигата откако Португалецот го презеде тимот, во ноември минатата година.