Арнаутовиќ има најдобар ефект на странец во Болоња по – шест децении!

Австриската ѕвезда со српско потекло Марко Арнаутовиќ се запиша во историјата на италијанскиот фудбал и стана првиот странец на Болоња по цели 60 години кој има спектакуларен старт на сезоната со шест гола во првите шест кола.

Арнаутовиќ вчера даде гол за победа на Болоња против Фиорентина и дојде до едект од еден гол по меч во досегашните шест меча, па со тоа го има најдобриот страт на сезоната за еден голгетер од странство во дресот на овој калчолигаш после Харалд Нилсен.

Нилсен во далечната 1962/63 имаше скор од седум гола на првите шест меча во дресот на Болоња.