Арбелоа е минато: Перез реши кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид на крајот на сезоната ќе го промени тренерот, односно Алваро Арбелоа ќе замине, а на негово место треба да пристигне Жозе Мурињо.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез решил дека единствен човек кој може да го среди хаосот во соблекувалната е португалскиот стратег, а наводно веќе почнале преговорите меѓу двете страни.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Перез има одлични односи со Мурињо и затоа ќе се обиде наскоро да го обезбеди неговиот потпис.

Мурињо веќе беше тренер на „кралскиот клуб“, а во моментов ја тренира Бенфика.