
Англискиот гигант тоне ли тоне: Јунајтед има долг од половина милион евра!
Британските медиуми објавија неверојатни бројки дека гигантот од „Олд Трафорд“ сега должи вкупно 479 милиони евра.
Растот првенствено беше предизвикан по трансферот на Бруно Фернандез од Спортинг Лисабон, кога околу 80 милиони беа платени само за обештетување.
Но, тоа не е сè, пандемијата на коронавирус ќе предизвика уште поголеми загуби, така што долгот ќе биде помеѓу 625 и 650 милиони, потврди потпретседателот на клубот, Ед Вудвард.
Иако комерцијалните договори на Јунајтед значително се зголемија, долговите растат затоа што не се игра фудбал, а со тоа и нема приходи од емитување на натпревари.