Анчелоти најави пензија: Реал Мадрид ќе ми биде последен тим во кариерата!

Реал Мадрид пред неколку дена го освои европскиот Суперкуп, па тоа е уште еден трофеј во богатата колекција на италијанскиот тренер Карло Анчелоти.

Анчелоти ја почна кариерата во 1995 година, при што предводеше многу тимови, меѓу кои се Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, Евертон, а лани се врати во Реал Мадрид.

Италијанецот сака да ја повтори минатата сезона и да ги освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), но и останатите трофеи за кои ќе се борат „кралевите“.

„Ќе ја завршам карирата во Реал Мадрид. Овој клуб е на врвот и планирам да се пензионирам во Мадрид“, кажа Анчелоти.