
Аморим: Мојата работа е многу тешка, ме загрижува табелата
Поразот од Тотнем беше осми за „црвените ѓаволи“ во последните 12 лигашки натпревари откако кон средната на ноември ги презема португалскиот стратег.
Аморим по натпреварот потсети и на проблемите со повредени фудбалери.
„Мојата работа е исклучително тешка. Имам многу повредени фудбалери. Против Сапрс не можев да сметам на 12 фудбалери бидејќи беа на листата повреденi. Поради тоа на клупата за резерви имав осум тинејџери. Но, нема да се предадам, ниту да се откажам од мојата идеја“, изјави Аморим.
Кога неговата работа во прашање не се грижи, единствено го загрижува позицијата на табелата.
„Не сум загрижен за работата. Ме загрижува само погледот на табелата“, призна Португалецот.
Манчестер јунајтед во овој момент е на 15-тата позиција на табелата со 29 бода, 12 повеќе од опасната зона.