Алварез не го интересира враќање во Англија, донел одлука каде ќе игра!

Хулијан Алварез се поврзуваше со враќање во Англија ова лето, односно за неговите услуги беше заинтересиран новиот шампион Арсенал. Сепак, такво нешто нема да се случи затоа што аргентинскиот фудбалер не сака да се врати на Островот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Арсенал бил сериозен во своите намери, но Алварез ги одбил милионите на лондонскиот клуб и ќе остане во Шпанија, односно во тимот на Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид во меѓувреме активно работи на засилувања и гради тим околу Алварез, па наскоро се очекува да промовира неколку засилувања за следната сезона.

Фото: Atletico Madrid