Алисон пред сензационално враќање во Серија А
„Старата дама“ сака да се засили со врвен голман, а поранешниот чувар на мрежата на Рома важи за идеален кандидат и повторно би можел да заигра во Серија А.
Иако Јувентус покажа сериозен интерес, сепак последниот збор ќе го има Ливерпул кој неодамна му го продолжи договорот на Алисон на уште една сезона.
Ливерпул во следните недели треба да направи дополнителна анализа и да реши што ќе се случи со Алисон затоа што веќе го има одличниот Георги Мамардашвили.
Фото: Facebook/Liverpool FC