Алиоски во аут до јануари, а Фенер чека од Ал Ахли одговор за сумата за трансфер
Од поодамна се најавува дека Фенербахче ќе го откупи Алиоски и дека се започнати првичните преговири, но „Фанатик“ сега објави дека сѐ е влезено во конкрентни разговори и Турците чекаат фер одлука од Саудијците за висината на отштетата. Алиоски брзо ги освои срцата во Фенербахче, а со своите игри го задоволи и Жорге Жесус (еден гол, две асистенции во 17 меча) и истанбулскиот великан нема да ја пропушти шансата за откуп, ако Ал ахли не забега со лудо барање за отштетата.
И додека раководството бара начин за откуп откако Алиоски дојде на едногодишен заем, клубот објави дека левиот бек ќе оди на рехабилитација поради истегнување од втор степен на слабините после магнетната резонанца, што значи дека најмалку до 29 декември ќе му трае рехабилитацискиот период пред да се врати во погон.
„Кај Алиоски е констатирано истегнување од втор степен после магнетна резонанца на слабините, каде чувствуваше болка после еден тренинг, па во погон ќе се врати за две до три недели откако ќе има рехабилитациски третмани“, објави Фенербахче.
Фенербахче на 25 декември има дерби со Трабзонспор (Енис Барди) од 19 часот, а три дена потоа игра со Хајтаспор (19 часот). Првиот меч во новата 2023 година е на 4 јануари со Анталијаспор.