Алиоски избран во тимот на сезоната во Саудиска Арабија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го прекина договорот со Ал Ахли, а според „Софаскор“ беше избран во тимот на сезоната во Саудиска Арабија.

Ал Ахли испадна од елитата, а тоа беше причина Алиоски да си замине од тимот, иако имаше добра сезона со шест гола и девет асистенции на 30 натпревари.

Како негов следен клуб се споменува Трабзонспор, а во следниот период се очекува да биде решена дилемата чиј дрес ќе го носи во идната сезона.