Алиоски го прекина договорот со Ал Ахли

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го прекина договорот со Ал Ахли, кој вчера испадна од елитата во Саудиска Арабија, па сега му е отворен патот кон турскиот шампион Трабзонспор, кој претходно покажа интерес за неговите услуги.

Алиоски по разговорите со управата на Ал Ахли договорил прекин на соработката, па така го напушта тимот за кој минатата сезона одигра 30 меча, а притоа постигна шест гола и девет асистенции.

Трабзонспор наскоро треба да тргне по услугите на македонскиот лев бек, а во турските медиуми се споменуваше и Галатасарај како можна дестинација за Алиоски.