Аларм за гигантите: Столбот на одбраната на Ливерпул си оди од Енфилд
Станува збор за Ибрахима Конате, дефанзивец кој пристигна во 2021 година од Лајпциг и кој имаше понуда за продолжување на соработката, но ја одби. Клубот и играчот не можеа да постигнат договор и Конате го напушта тимот како слободен агент.
Францускиот интернационалец играше за Сошо, Лајпциг и Ливерпул во текот на својата кариера и дефинитивно очекува голем трансфер ова лето бидејќи е сигурно дека има огромен број заинтересирани клубови за неговиот потпис. Конате е еден од оние играчи кои навивачите ги обвинија за дебаклот оваа сезона поради послабите игри бидејќи се очекуваше многу повеќе по одличната сезона во која беше освоена и Премиер лигата.
Во редот за неговиот потпис застанаа неколку гиганти: прво Реал кој го бараше и лани, потоа Баерн каде повторно би можел да се спои со Упамекано со кого играше и во Лајпциг, но се чини дека најреално е да се врати во својот роден град Париз и да му се приклучи на ПСЖ.