Ал Наср со пресврт до победа: Роналдо постигна спектакуларен гол, па одби да изведе пенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср со пресврт беа подобри од Абха (2-1) во 21. коло од првенството во Саудиска Арабија, а повторно во центар на внимание е Кристијано Роналдо.

ВАР им поништи гол на гостите во седмата минута, но тие продолжија со нападите и Адам погоди за предност од 1-0.

Ал Наср се обидуваше да ја врати резултатската неизвесност, а тоа им успеа преку Роналдо во 79. минута.

Потоа гостите останаа со фудбалер помалку затоа што Ал Судани доби втор жолт картон, а во 86. минута Ал Наср погоди за пресврт преку Талиска.

Роналдо одби да го изведе пеналот и му ја даде топката на Талиска, а тој без проблеми стрелаше за конечни 2-1.