Ако Тен Хаг добие отказ, Јунајтед би го донел поранешниот тренер на Јувентус

Ерик Тен Хаг долго време е под притисок поради лошите резултати на Манчестер Јунајтед, но никако да добие отказ бидејќи клубот не може да најде подобро решение.

На тоа изгледа му дојде крајот бидејќи сега има отворена можност на клупата да го донесе трофејниот италијански стручњак Масимилијано Алегри. Тој е слободен откако на крајот од минатата сезонаси замина од Јувентус, а во текот на летото не дојдоа понуди од други елитни клубови, туку само од Саудиска Арабија. Алегри не сака да работи таму, па се уште е на располагање на Јунајтед ако „ѓаволите“ одлучат да го сменат тренерот.

„Алегри е секогаш отворен за големи клубови, а секако треба да се следи што се случува во Манчестер Јунајтед во следните 2-3 месеци. Во кој било момент може да се случи да дојде до смена, а Премиер лигата секогаш била сон за Алегри“, пишуваат италијанските медиуми.

Сепак, впечаток е дека навивачите на Јунајтед не се премногу воодушевени од оваа идеја. Тие сметаат дека дефанзивниот стил на игра кој го протежира Алегри, како и непознавањето на Премиер лигата нема да ги донесат неопходните промени по евентуалното заминување на Тен Хаг.