Партизан и Панатинаикос ќе играат пред 40.000 гледачи на – мермерен стадион!

Кошаркарите на Партизан вечерва ќе ги одмерат силите со Панатинаикос на отворено на стадионот „Калимармаро“ во Атина пред околу 40.000 гледачи во склоп на силниот турнир „Павлос Јанакопулос“.

Црно-белите вчера беа поразен со половина кош во затворениот натпревар против Анадолу Ефес, кој на атинскиот турнир ќе се сретне со Макаби непосредно пред дуелот меѓу српскиот и грчкиот тим.

„Овој турнир е нешто многу слично на она што го организиравме пред една година со Фуенлабрада на Ташмајдан. Беше прекрасна атмосфера и целиот свет го виде тој спектакл. Тоа беше навистина нешто посебно. Мислам дека она што го работевме пред една година сега инспирираше други клубовите да направат нешто слично И затоа сме горди бидејќи го направивме првиот чекор кон организирање игри на отворено“, рече изјави тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Стадионот „Калимармаро“ е еден од најголемите историски атракции во Атина, изграден во 400 година пред нашата ера. Пет века подоцна бил обновен и оттогаш е единствен во светот целосно изграден од мермер.