И ФИФА и УЕФА го исфрлија судијата кој ги навредуваше Клоп и Ливерпул
Веднаш откако видеото излезе во јавност, Премиерлигата го суспендираше Дејвид Кут, а сега истото го направија и УЕФА и ФИФА.
Тој ќе биде избркан од судиските организации и веќе нема да може да суди, но пред тоа да се случи формално, се верува дека самиот судија ќе си поднесе оставка и ќе се повлече.
Англиските медиуми израчунаа дека штетата од предвремено завршената кариера за Кут ќе изнесува еден милион евра. Наводно толку ќе заработел доколку останел да суди.