Перез повеќе не ја крие новата голема желба: Реал спремил 150 милиони евра?

Килијан Мбапе по долги најави летово конечно пристигна во Мадрид, а медиумите сега пишуваат за следната главна цел на „кралевите“ - Флоријан Вирц.

Шпанските и германските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез повеќе не крие дека Вирц е негова голема желба. Наводно, тој веќе и испратил дикретни сигнали дека сака да го види во својот тим наредното лето.

Според информациите, Реал Мадрид е спремен да плати 150 милиони евра со што тој би станал најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид. Рекордот досега го држи Еден Азар, додека за Џуд Белингем гигантот од Мадрид плати 113 милиони евра.

Вирц како дете навивал за Барселона и негов идол е Лионел Меси, меѓутоа информациите говорат дека не би имал никаков проблем да го облече кралскиот дрес.

Клучната врска би можела да биде Чаби Алонсо кој сега соработува со него во Леверкузен, а токму Шпанецот важи за главен кандидат за нов тренер на Реал ако Анчелоти замине во 2025 година.