ФИФА го испрати Реал Мадрид директно во финалето на Интерконтиненталниот куп во Доха
Европскиот шампион претходно играше и полуфинале, но сега ќе има директно место во финалето каде што ќе се бори за титулата.
Борбата за светската титула ќе започне задутре кога ќе играат Ал Аин како шампион на Азија и Оукленд Сити, шампионот од Австралија. Победникот од натпревар ќе оди на меч против египетскиот Ал Ахли, додека на 11-ти декември Пачука ќе се соочи со победникот од Копа Либертадорес која се уште е во тек.
Завршницата на турнирот ќе биде во Доха и таму ќе играат победниците од овие два дуели на 14-ти декември, а на 18-ти декември тимот кој ќе стигне до финалето ќе ги одмери силите со „кралевите“.