Сигурни победи на Ливерпул и Тотнем во Премиер лигата (ВИДЕО)
Работата во денешниот натпревар избраниците на Арне Слот ја завршија во првото полувреме во кое ги постигнаа сите три гола. Не започна добро натпреварот за Ливерпул и мрежата на Алисон се тресеше по само четири минути, сепак тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
Луис Дијаз во две минути постигна два гола во 26. и 28. минута за предност од 2:0. Само девет минути подоцна Дарвин Нуњез со еден прекрасен погодок зголеми на 3:0.
Во второто полувреме Ливерпул имаше шанси и за поубедлива победа, но резултатот не се промени.
Три гола постигна и Тотнем кој со 3:1 беше подобар од Брентфорд. Погодоци за домаќинтие ги постигнаа Соланке, Џонсон и Медисон. Единствениот гол за Брентфорд беше дело на Мбуемо.
Астон Вила со пресврт дојде до победа над Вулвс со 3-1. Гостите поведоа со гол на Куња во првото полувреме. Вила изедначи со гол на Воткинс во 73. минута, а во 88. минута Конста погоди за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1, точка на мечот стави Дуран во судиското продолжение.
Со истиот резултат 3-1 и Фулам беше подобар од Њукасл, додека средбата Саутемптон Ипсвич заврши без победник 1-1.