Магична двојна одбрана на Онана, Јунајтед одигра реми кај Кристал Палас! (ВИДЕО)
Црвените ѓаволи ја имаа повеќе топката во нозете, напаѓаа, а домаќините од контра напади го загрозуваа голот на Онана.
И Онана и Хендерсон беа фантастични денеска, а голманот на Манчестер јунајтед можеби ја имаше и одбраната на сезоната.
Онана имаше брилијантна двојна одбрана со која го сочува својот гол.