Реал прими гол, па му даде четири на Еспањол (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја оствари третата победа во низа и вкупно четврта во сезоната откако вечерва на домашен терен го победи Еспањол со 4-1.

Триумфот е убедлив, но мора да се знае дека гостите од Барселона поведоа благодарение на автоголот на Куртоа во 54. минута кому топката му помина низ нозе и во обид да одбрани, ја внесе во голот. Само четири минути подоцна Карвахал израмни, а потоа Реал постигна уште три гола за убедлива победа.

 

 

Родриго го донесе Реал во водство, Винисиус зголеми, а Мбапе го постави конечниот резултат. Интересно е тоа што Реал доби уште еден пенал иако тој немаше влијание на конечниот исход.

 

 

Во пресрет на утрешниот меч на Барса, Реал е на само еден бод негатива додека Еспањол е на 13. позиција со осум бода.