Хајдук има мега-талент во своите редови, 16-годишник стана најмлад стрелец во историјата на клубот (ВИДЕО)

Освен тоа што дојде до нова победа со која се оддалечи на четири бода од Динамо, Хајдук вечерва доби играч пред кој е светла иднина.

Во победата против Горица со 4-1 блескаше 16-годишниот Бруно Дурдов кој постигна два гола и стана најмлад стрелец во историјата на Хајдук на натпревар од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ). Голот за историја го постигна во 11. минута, но ќе се памети оној во 55. кога од 17-18 метри атрактивно ја затресе мрежата на Горица.

Во листата на стрелците Дурдов се запиша со 16 години, 9 месеци и 10 дена. Досегашен рекордер беше Никола Влашиќ кој во 2014 погоди со 17 години 29 дена.