Алкалоид сигурен против Бутел, Пелистер го растури Бисинов
Алкалоид ја забележа третата победа од исто толку натпревари оваа сезона. Денеска лесно се справи со Бутел. На полувремето беше 19-13, а потоа го контролираа мечот за конечни 34-27.
Најдобри ракометари во составот на Алкалоид беа Бинго кој постигна седум гола и Костески кој даде шест, толку имаше и Серафимов. Во Бутел најефикасен беше Николов со шест гола.
Пелистер доминираше во текот на целиот меч во Велес кај Бисинов, првото полувреме го доби со 20-9, а не запре ниту во продолжението од мечот. Конечниот резултат беше 41-21.
Најдобар стрелец беше Филип Кузмановски со 13 голови, за велешани Ивица Илиев реализираше осум.
Сигурна победа забележа и Охрид кој со 30-26 беше подобар од Прилеп на гостински терен.
Струга го изненади Пролет победувајќи го со 34-29.