Маргели со 14 голови го предводеше Вардар до победа во Радовиш

Вардар рутински забележа триумф на гостувањето кај Радовиш каде славеше со 29-16.

По денешните лесни победи на Алкалоид и Пелистер, до таква дојде и Вардар во третото коло од македонската ракометна Суперлига.

Ракометарите на Вардар на полувремето водеа со 15-11, а во вториот дел му дозволија на противникот да постигне само пет голови, конечниот резултат беше 29-16.

Убедливо најефикасен беше Алжирецот Ашраф Маргели кој постигна дури 14 голови. Во составот на Радовиш најдобар беше Здравко Постолов со седум голови.