Ландо Норис до пол-позиција на трката во Сингапур

Ландо Норис стигна до пол-позиција за трката на Големата Награда на Сингапур. Британецот беше најстабилен и сосема заслужено по шести пат во неговата кариера ќе го има најдоброто стартно место.

Норис ги заврши квалификациите со време од 1:29,52, додека веднаш зад него ќе биде актуелниот шампион Макс Верстапен.

Од вториот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, а потоа ќе следат Пиастри, Хулкенберг, Алонсо и Џунода.

Денешниот ден беше лош за Ферари бидејќи Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе стартуваат од деветтото и десеттото место. 

Утрешната трка е закажана за во 14:00 часот.