Фергусон признава: Се плашам од деменција

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во интервју за островските медиуми призна дека во своите години стравува од деменција и откри како се обидува да го одржува во добра состојба своето ментално здравје.

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во интервју за островските медиуми призна дека во своите години стравува од деменција и откри како се обидува да го одржува во добра состојба своето ментално здравје.

Фергусон има 82 години и откри дека често чита книги и одговара на прашање во квизови на интернет.

„Имам 82 години, нормално е да се грижам. Би излажал ако кажам дека не размислувам дали би се разболел од деменција или Алцјахмер. Мојата меморија се уште е добра, правам некои работи кои ми помагаат. Читам многу, а квизовите се навистина добри за бистрење на умот. На јутјуб ги наоѓам оние квизови од 100 прашања и ги одговарам. Ако немам 70% точни одговори би бил загрижен“, изјави Фергусон.

Во 2018 година на Фергусон му беше направена операција поради излив на крв во мозокот, но за среќа сега тоа е зад него и добро се чувствува.