Чилиќ по две години врза две победи по ред и ќе игра четврт-финале во Кина!

Поранешниот гренслем-победник, Марин Чилиќ, подолг период е далеку од препознатливата форма, за што доказ е податокот што првпат по две години успеа да врзе две победи по ред за пласман во четврт-финалето на турнирот во кинескиот град Хангжу.

Хрватот во втората рунда беше подобар од Јапонецот Јошихита Нишиоку (6-4, 6-1) додека на стартот го совлада Американецот Захари Свајда (5-7, 6-3, 6-0). Чилиќ, кој за девет дена ќе наполни 36 години, во моментов е на 778. позиција на АТП листата, додека најдобро пласиран беше во 2018 година кога беше трет тенисер на светот.

Негов противник на патот кон полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Данецот Холгер Руне и Јапонецот Јасутаке Учијама.