Ајакс посака фудбалер на ПСВ, па доби генијален одговор од Ајндховен!

Ајакс покажува голем интерес за фудбалерот на ПСВ, Стивен Бергвајн, па ќе се обидат на лето да го ангажираат бидејќи клубот од Амстердам на лето ќе остане без голем дел од нивните фудбалери.

Сепак, тимот од Ајндховен не е подготвен да го пушти фудбалерот во редовите на големиот ривал, па затоа им испратија јасна порака.

„Едноставно е. Ако Ајакс успее да го убеди Стивен да потпише за нив, ние ќе му го понудиме цел буџет на Тотнем за Лукас Мура“, кажа спортскиот директор на ПСВ, Џон де Јонг.

Бергвајн сезонава во дресот на ПСЖ одигра 41 меч и постигна 15 голови и 13 асистенции.