
Ајакс остана без Лига на шампиони, ПСВ ги спаси да не одат во Конференциска
Откако Феенорд ја освои титулата и обезбеди директно учество во ЛШ, Ајакс кој беше полуфиналист во 2019 година имаше теоретска шанса да дојде до второ место и квалификации за елитата, но требаше да победат кај Твенте, а ПСВ да загуби кај АЗ Алкмар.
Арно ама, Ајакс се сопна уште на својот предизвик. Очајното полувреме им донесе на крај пораз со 1-3 кај Твенте, па висеа и за Лига Европа ако АЗ победеше. На крај Чави Симонс со гол во 90-та минута ги спаси од настап во третото по ранг натпреварување за победа на ПСВ со 2-1 во Алкмар и трета позиција за Ајакс.
ПСВ со второто место оди во квалификации за Лигата на шампионите, а АЗ Алкмар ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.