Агентот на ѕвезда на Реал Мадрид уапсен за перење пари

Агентот на голманот на Реал Мадрид, Тибо Курота е во големи проблеми откако бил уапсен под обвинение за корупција и перење пари. 

Кристоф Енроте, освен на Курота, е агент и на уште двајца Белгијци, Јаник Караско и Кевин Миралас. Тој е обвинет за перење пари и корупција во врска со трансфери на фудбалери. 

Во извештаите на белгиските медиуми се вели дека покрај Енроте уапсено е и уште едно лице. Повеќе детали не се објавени.