Воска ја совлада Македонија ЃП во првиот полуфинален меч во Купот

Фудбалерите на Воска Спорт триумфираа со 2-0 против Македонија Ѓорче Петров во првиот полуфинален меч од Купот на Македонија.

Двете екипи беа претпазливи на почетокот на натпреварот, а до првиот гол се чекаа 38 минути кога Медин Бајрами со глава погоди за 1-0, додека вториот погодок беше постигнат по 120 секунди од страна на Бајрами.

Македонија ЃП во второто полувреме се обиде да ја врати резултатската неизвесност, меѓутоа Воска успешно се бранеше од нападите на ривалот.

Реваншот меѓу Воска и Македонија ЃП се игра на 17 април од 15 часот.