Во Кратово постигнат најбизарниот гол сезонава во македонскиот фудбал (ВИДЕО)

Екипата на Силекс денеска го совлада Тетекс (3-1) во меч од Втората лига-Запад, кој привлече големо внимание не толку поради триумфот на фаворитот туку поради еден од неговите погодоци.

Станува збор за ударот на Јордан Серафимовски, кој беше стрелец на можеби најбизарниот гол сезонава во македонскиот фудбал.

Играчот на кратовци се лизна и во паѓање шутна од дваесетина метри, но топката доби чудно ефе и правец и заврши директно под пречката на гостинскиот голман, кој рака на срце не се прослави со интервенцијата.