
Влатко Стојановски по три години се враќа во Македонија – ја засили Шкендија
Стојановски после три години се враќа во македонскиот фудбал откако во летото 2019 година од Ренова за 1,5 милиони евра беше продаден во француски Ним, а по една година мината и во Шамбли, лани се пресели во хрватска Горица и сега се враќа во Првата лига како големо засилување на бившиот шампион.
Стојановски во 2019 година беше најдобар стрелец во Првата лига, а на 16 ноември 2019 година дебитираше за македонската репрезентација за која има девет настапи и два гола. Стојановски е центарфор кој го засилува нападот на тетовци и е трето летно засилување откако во таборот на црвено-црните пристигнаа и Башким Велија и голманот Давор Талески.
Делчевчанецот е поранешен фудбалер на Металург, а играше уште и за Сплит, Неретванац и Дугопоље во Хрватска, пред да дојде во Ренова во 2018 година и во таа сезона 2018/19 со 19 погодици беше „златна копачка“ во Првата лига.