Вардарци седнаа на теренот - протестираа против ФФМ! (ФОТО+ВИДЕО)
Црвено-црните цела сезона се жртва на своевидни игри, според кои тие не смеат ниту да се приближат кон евентуално враќање во елитата, поради што реиси да нема меч на кој не се оштетени. Поради тоа, најтрофејниот македонски тим се реши на ваков протест со цел да го сврти вниманието на јавноста кон перфидниот напад врз Вардар.
Токму поради тоа, првиот човек на Вардар, Слободан Крстевски, на почетокот од неделава и јавно побара оставка на раководството на ФФМ и доаѓање на величини како Горан Пандев, за кого веруваат дека ќе го мрдне македонскиот клупски фудбал од мртвата точка.
„ФФМ, доста е веќе! Кај нас во ФК Вардар се е веќе јасно и овој пат нема повлекување, поминати се сите граници, на неколку наврати во минатото сме реагирале на нерегуларностите кои ги сервираа од Фудбалската федерација на Македонија, но веќе нема. Сега одиме до крај!“, изјави тогаш Крстевски.
Вардарци небичниот начин на протест против неправдата го демонстрираа на стадионот кој е дел од спортскиот центар „Петар Милошевски“, кој, пак, е во склоп на зградата во која се наоѓа ФФМ.