Јокиќ пак со трипл дабл, ама сега помогна и Портер (ВИДЕО)
Тимот од Колорадо славеше со 125-113 во уште едно одлично издание на Никола Јокиќ иако српскиот ас не беше најдобар играч во својот. Тој го оствари 23. трипл дабл оваа сезона и деветти во последните 11 натпревари, постигнувајќи 27 поени, 14 скока и 10 асистенции, но честитки заслужува и Портер кој го одигра својот најдобар натпревар сезонава и постигна 36 поени.
Домаќините завршија најголем дел од работата во првото полувреме кое го добија со 68-50. Пред крајот на третиот период Њу Орлеанс направи серија од 10-0 и се доближи на само осум поени негатива, но Денвер не дозволи драма или евентуален пресврт и рано ги реши сите дилеми.
Најефикасен играч на мечот беше гостинскиот кошаркар Треј Марфи кој постигна 41 поен, а Мекалум додаде 30.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Вашингтон 114-124
Детроит - Атланта 130-132
Њујорк - Хјустон 124-118
Мемфис - Сан Антонио 128-109
Минесота - Сакраменто 114-116
Оклахома - Милвоки 125-96
Денвер - Њу Орлеанс 125-113
Јута - Индијана 111-112
Голден Стејт - Орландо 104-99
Портланд - Феникс 121-119