На Сантос веќе му се исплаќа трансферот на Нејмар: Клубот „преку ноќ“ доби нови 20.000 членови!
Нејмар изненади со одлуката да се врати во клубот каде што ја започна кариерата и од каде што се пресели во Барселона за 88 милиони евра во 2013 година.
Додека се чека неговото деби навивачите се борат и за влезница за овој натпревар. Претседателот на Сантос, Марсело Тешеира соопшти дека од потписот на Нејмар клубот добил 20.000 нови членови и за првпат ја надминал границата од 70.000 членови.
Стадионот „Вила Белмиро“ каде што Сантос ги игра своите натпревари може да прими 16.000 гледачи и јасно е дека тоа ќе биде премалку за сите кои сакаат повторно да го видат Нејмар во дресот на бразилскиот гигант.
Исто така екипата на социјалните мрежи доби и над 500.000 повеќе следбеници во само неколку дена.