Најтрофејниот македонски клуб Вардар во 91-та минута остана и без бод од дербито со лидерот во Втората лига – Запад, Силекс откако загуби во судиското надополнување со примен гол после еден против напад со 1-2 во 11-та рунда од оваа второлигашка конкуренција.

Ако пред две недели вардарци во судиското надополнување успеаа да го скршат Кораб за триумф, сега во 91-та минута останаа шокирани после голот на Благоја Спиркоски, по што кратовци направија уште еден голем чекор кон директно враќање во прволигашкото друштво, за разлика од вардарци кои не успеаа да го искористат новиот кикс на Воска Спорт, која во Дебар ремизираше 1-1.

Арсим Љамалари погоди за водство на Силекс во 20-та минута, а седум минути потоа Филип Петров даде гол за Врадар за израмнување, па во завршницата црвено-црните имаа и дирек, но кога сите чекаа барем реми и бод, следуваше шок после противнападот и одличната реакција на Спиркоски за да ја погоди мрежата за победа.

Ова е прв пораз за Никола Глигоров откако го презема кормилото на Вардар после лошиот старт во сезоната, а доаѓа во лош момент после петте победи во низа, зашто црвено-црните сега ги чека дербито со Пелистер во четвртфиналето во Купот во среда во Битола и многу важното гостување кај Воска во битката за второто место, за кое сега Воска на Вардар му бега 2-2 после ремито во Дебар.

Изаир Емини во 11-та минута донесе предност за Воска, ама четири минути во вториот дел Кораб со гол од пенал преку фајтон Леши успеа да израмни и да не дозволи триумф на фаворитот, кој втор меч по ред не успева да победи.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар – Силекс 1-2, Кораб - Воска 1-1, Гостивар – Вешешта 1-1, Тетекс – Беса 2-1, Охрид – Кадино 3-1

ТАБЕЛА: Силекс 31, Воска 22, Вардар 20, Кораб 15, Тетекс 14, Гостивар 13, Велешта 13, Охрид 10, Беса 9, Кадино 6.