Вардар сериозно се засили пред Шкендија – Максимов ќе дебитира во дербито!
Максимов потпиша за Вардар на последниот ден од преодниот рок, но литвански Тракаи го оспори трансферот, па тој мораше да ја чека арбитражата на комисијата за статус на трансфери на ФИФА. Во вардаровата канцеларија сега стигнал допис дека со трансферот на рускиот напаѓач е се во ред и дека тој може да биде реигистриран за црвено-црните и да заигра за македонскиот шампион.
Максимов беше најдобар стрелец со седум гола на шест меча во квалификациите за Лигата на шампионите, а тој самиот си го откупи договорот од Тракаи за 50 илјади евра за да дојде во Вардар. Литванците се жалеа дека црвено-црните им го „украле“ напаѓачот, но, по 39 дена, ФИФА конечно даде дозвола за да може да настапи.
Максимов поради проблемот со регистрацијата не можеше да биде пријавен за настапите во Лига Европа.
Ова е најубава вест за Вардар во пресрет на дербито за титула со Шкендија, на кое црвено-црните ќе се обидат да им вратат на актуелните лидери за поразот на стартот на сезоната.