Најтрофејниот македонски клуб Вардар после пет ипол години не успеа да го освои Ѓорче Петров во првенствен меч и денеска ремизираше 1-1 во дербито на десетото коло во домашната елита, за да се врати на лидерската позиција само поради подобрата гол-разлика од Академија Пандев, со која имаат по 21 бод досега во сезоната.

 

Вардар последен пат ремизираше во првенствен меч со „лавовите“ на 22 март 2014 година (2-2) и оттогаш имаше четири победи во серија, а беше денеска на пат за повторно да се осами на врвот откако Даниел Аврамовски во 45-та секунда по стартот на вториот дел ја погоди домашната мрежа. Но, „лавовите“ успеаа да ја казнат лошата реализација на црвено-црните на средина од вториот дел, кога Вардар промаши три одлични шанси, за Ален Јашароски во 69-та да израмни и практично да ги урне надежите за триумф на најтрофејниот клуб за нова победа со која ќе ѝ избегаа на Шкендија на цели 12 бода.

После очајното прво полувреме во кое Вардар се обидуваше да наметне иницијатива, а Македонија ЃП беше ориентирана бна цврста дефанзива (немаше ни една стоотстотна шанса), Аврамовски навреме го отвори мечот во првата минута од вториот дел, по што следеа две шанси на „резервистот“ Ален Јашароски, за Вардар да добие три шанси откако домаќинот се отври. Промаши супер шанса Матеј Цветановски од 16 метри во 59-та, па Колевски од три метри имаше зицер во 61-та, а на кај контра четири на два која не ја реализира. И после ваквите утки во кои Вардар ќе ја запечатеше победата, Јашароски успеа да го матира Филип Гачевски од 16 метри, само минута откако вардаровиот голман имаше спектакуларна интервенција по слободниот удар на Робсон да Силва.

Поранешниот првак Работнички доживеа нов шок откако полладнево загуби од Струга Трим Лум со 1-2, исто како и на стартот на сезоната на охридското крајбрежје, за уште повеќе да се зголемат проблемите кај дебармаалци. Флорент Османи на 17 минути пред крајот го постигна вториот гол на мечот за триумф на стружани, нивен прв сезонава на гостувањата. Работнички имаше шанса да се спаси барем од пораз, но Петар Петковски промаши пенал и ударот му го одбрани Урош Ѓуриќ. 

Силекс со 3-0 беше најубедлив против Ренова, искористувајќи го црвениот картон на Нехар Садики во 26-та минута, па Дејан Благоевиќ и Дарко Додев со два гола ги распарчија „гипсарите“ во второто полувреме.

Борец покажа дека дома е сптен незгоден, па иако денеска имаше негатива со Шкупи, успеа да направи резултатски пресврт и во 90-та минута со гол на Никола Прелчец стигна до многу важни три бода со што сега на Работнички по поразот дома му го препуштија фенерот по ова десето коло во Првата лига.

Вчера Шкендија загуби од Академија Пандев со 0-1, за кризата во тетовскиот клуб да продолжи.

ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО (14.30 ЧАСОТ)

Работнички – Струга Трим Лум 1-2 (0-1)

Тошевски 52 - Цаке 10, Османи 73

Македонија ЃП – Вардар 1-1 (0-0)

Јашароски 69 - Аврамовски 46

Силекс – Ренова 3-0 (0-0)

Благоевиќ 68, Додев 83, 90+2

Борец – Шкупи 2-1 (1-1)

Христов 28, Прелчец 90+2 - Јурина 23

ВЧЕРА

Шкендија – Академија Пандев 0-1 (0-1)

Маслаќ 45+3

ТАБЕЛА: Вардар 21, А.Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, , Силекс 12, Шкендија 11Струга Трим Лум 11, Борец 11, Работнички 10.