Вардар се лизна на стартот, минималец за Гостивар, Воска и Пелистер – убедливи! (ФОТО)
Арсими со една шанса успеа да му даде гол на Вардар и да го казни за промашениот пенал на Дарко Мицевски во 30-та минута, па Еди Абдија погоди во вардаровата мрежа, а колку и да доминираа црвено-црните и да направија низа шанси за пресврт, само една реализираа преку Дарио Десниќ во 71-та минута по центаршутот на Мицевски, но само за еден бод од овој меч и еден чекор наназад во битката за првите две места.
Гостивар кој останува непоразен, со гол на Ринор Ајдини минимално со 1-0 ја победи Локомотива, додека другите два конкуренти за домашната елита беа убедливи. Воска Спорт со 4-1 славеше во пресметката со струшки Караорман, додека Пелистер со 5-0 го здроби Кожув за стартни победи на екипите при самиот врв.
Фитон Адеми ја најави победата на Воска, а потоа погодија Арлинд Алити, најголемото засилување зимава Ермедин Адем, а печат на стартниот триумф стави Ардит Демири.
Борче Маневски даде два гола за битолчани, а по еднаш Благоја Љамчевски, Бурхан Мустафов и зимското засилување од Победа, Бојан Спиркоски.
Голема победа во битка за опстанок забележа Тетекс кој со 2-0 го победи Охрид, а славеше и Беласица на домашен терен против Детонит Плачковица со 2-1.
ВТОРА ЛИГА, 16. КОЛО
Вардар - Арсими 1-1
Воска Спорт – Караорман 4-1
Гостивар – Локомотива С. 1-0
Пелистер – Кожув 5-0
Тетекс – Охрид 2-0
Беласица – Детонит Плачковица 2-1
Слога Виница – Борец 4-0
Беса – Каменица Саса 2[-0
ТАБЕЛА: Гостивар 40, Вардар 37, Воска Спорт 37, Пелистер 33, Детонит П. 29, Охрид 26, Беса 24, Беласица 23, Арсими 21, Караорман 20, Кожув 17, Локомотива С. 14, К. Саса 13, Слога Виница 13, Тетекс 10, Борец 0.