Вардар извиси за титулата, немало доволно одиграни мечеви за да се прогласи првак!

Црвено-црните извисија за шампионската круна за која во било каква опција за доигрување беа многу близу, но прекинот на првенството, од ФФМ ја образложуваат дека шампионатот се прекинува и дека нема доволно одиграни мечеви за да се прогласи шампион за оваа сезона. Практично одличните настапи на четата на Александар Васоски останува ненаградена, настрана што и понатаму виси лиценцата за излез во Европа.

„Нема да има шампион, се прекинува првенството, а нема доволно одиграни мечеви за да се оправда тоа“, велат од ФФМ.

Црвено-црните по 23 кола имаа 46 бода, десет повеќе од Силекс, а 11 од Шкендија во трката за круната. Првенството беше прекинато по 11 март, кога се одигра последното коло и до крајот останаа да се доиграат 13 рунди од шампионатот.

ФФМ пред една недела најави доигрување, во трката за титула со скратен систем четири меча од третиот круг, па плејоф меѓу шесте најдобри на табелата, ама коронавирусот кој се појави во тетовските Ренова и Шкендија, како и зголемениот број на заболени во земјава, ја прекинаа комплетно сезоната.

Ова е многу спорна одлука на ФФМ, особено што земји кои прекинаа сезона во моментов, како Франција или БиХ си прогласија шампион, иако имаше уште многу за доигрување до крајот на сезоната. Особено во случајот со Франција, каде ПСЖ ја доби титулата поради својата двоцифрена предност, а пак БиХ го прогласи Сараево за шампион, иако разликата беа многу мала во однос на Железничар.

Ама, ФФМ не би била „куќа на скандали“, ако не измисли нешто дека не може да се прогласи шампион поради недоволен број на мечеви, иако разликата на табелата вели нешто друго.