
Вардар има важна задача во Струмица, Шкупи на Чаир го пречекува Работнички
26. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) започна вчера со победата на Струга над Пелистер од 4-1, а ќе биде комплетирано денеска со останатите пет меча. Сите се играат во термин од 15 часот.
Вардар гостува кај Брера во Струмица како увертира за полуфиналето од Купот на Македонија, меч кој се игра само три дена подоцна во Скопје.
Овој дуел е важен бидејќи Вардар со победа ќе истапи уште подалеку од местата кои испаѓаат, а Брера ќе се најде во многу незавидна позиција.
Шкупи не знае за победа веќе четири натпревари по ред, во тие меча има три порази и едно реми. Работнички е во многу подобра форма, има освоено седум бодови на последните четири натпревари.
Романтичарите уште сонуваат за титулата, додека Шкупи е на место кое е далеку од позициите кои водат во Европа, но и далеку од оние кои испаѓаат.
Тиквеш води грчевита битка за опстанок, а денеска во Кавадарци ќе го пречека лидерот, екипата на Шкендија. Бодовите им се потребни и на двете екипи, но од различни причини.
Силекс ќе се обиде да се врати со целиот плен од Охрид каде ќе гостува на Воска, а Беса ќе брка бодови против Гостивар кој испадна од трката за титулата.
ПМФЛ 26. коло:
Брера - Вардар
Шкупи - Работнички
Тиквеш - Шкендија
Воска - Силекс
Беса - Гостивар
Вчера
Струга - Пелистер 4-1