Вардар игра со шампионот на Грузија, Милевски ќе скенира од трибините!

Во рамките од подготовките во Анталија, Вардар денеска ќе одигра пријателски меч со Иберија 1999 од Грузија, најавено е присуство и на слекторот на Македонија, Благоја Милевски.

Милевски е во Анталија каде ги следи подготвителните натпревари на македонските тимови. Вчера беше присутен на мечот меѓу Шкупи и Полонија Варшава.

За денеска е најавено негово присуство на дуелот на Вардар со Иберија 1999. Натпреварот почнува од 16 часот.