Уште два македонски прволигаши се чисти од Ковид-19

Македонските прволигаши Академија Пандев, актуелен победник на Купот и Борец се новите две екипи кои се комплетно чисти од Ковид-19, откако вчера со посредство на Синфикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) беа тестирани на новиот котонавирус.

После Македонија ЃП, која уште пред една недела се тестираше и сите тестови беа негативни, сега СФМ објави дека негативни се ѝ тестовите на струмичани и на велешани, па засега три клубови од македонската елита се комплетно чисти. Овие резултати сега им овозможуваат на двата тима непречено да тренираат и да се подготвуваат за продолжението на сезоната.

Тестирањето на фудбалерите и вработените во клубовите денеска продолжи, па тестирани беа Работнички и Брегалница, која ја очекува настап во Купот на Македонија, откако во Втората лига извиси во трка за пласман во елитата после прекинот на сезоната во Втората лига и одлуката за проширување на Првата само со првопласираните од двете групи (Беласица и Пелистер).

Денес ги добивме резултатите од тестирањето на Ковид 19 од Фк Академија Пандев и Фк Борец. Добра вест е дека сите...

Posted by Синдикат на фудбалери на Македонија -Sindikat na fudbaleri na Makedonija on Friday, May 29, 2020