Три екипи од Германија заинтересирани за Висар Муслиу!

Три бундеслигашки екипи, меѓу кои е и поранешниот европски првак Хамбургер, се заинтересирани за македонскиот репрезентативен стопер Висар Муслиу, актуелниот член на тетовска Шкендија, објавија портали на албански јазик.

Муслиу е поранешен фудбалер на Ренова, со Вардар играше во Лига Европа, а од ланската зима е дел од Шкендија, беше дел од „златната генерација“ на младинската селекција со која настапи на Евро 2017, а сега е незаменлив во одбраната на сениорската селекција со која има одличен старт во квалификациите за Евро 2020. И сето тоа е доволна препорака за да го сврти вниманието кон себе.

Според последните информации, Хамбургер, Вердер Бремен и Аугзбург се сериозно заинтересирани на лето да го ангажираат. Инетерсот посебно доаѓа затоа што Муслиу посенбно им западнал во очи на „Стожице“ во Љубљана за време на завчерашниот квалификациски меч со Словенија, а овие три германски бундеслигаши имале свои скаути меѓу многуте кои се нашле на трибините.

Муслиу во Шкендија е речиси година ипол и за очекување е да си замине ако дојде конкретна и привлечна понуда. Тој во Тетово се врати откако го изигра Вардар и на стартот на зимските подготовки си замина од клубот, користејќи ја аматерската грешка на раководството со амаетрскиот договор кој го имале црвено-црните со перспективниот централен дефанзивец.